Економија Избор Охрид

Репортажа за храната во Охрид и други места од Македонија објавена во Intrepidtravel

Охрид, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид доби нова афирмација во странските интернет портали, овој пат преку храната.

Репортажата е објавена на страницата Intrepidtravel, каде се пишува за домашната и традиционална храна која се служи во македонските градови.

Авторката  на статијата, Мира Датани, го споделува своето воодушевување и впечаток, како го доживеала Охрид преку храната, при нејзината посета на градот. Гостопримливите домаќини во Охрид за авторката на статијата и нејзиниот сопруг, приготвиле полжави, скара, пита, сето тоа послужено со ракија, зачинета со шумско овошје и тревки. Вкусот на локалниот мед, како што опишува Датани, бил врвот на сите вкусови.

Освен за Охрид, во промотивниот текст се пишува и за храната која се приготвува во Маврово, Скопје и селата во внатрешноста на Македонија.  Написот е насловен: „Македонија: земја на питите, страста и изобилството“, а авторката ги издвојува и вкусовите на бозата, македонското вино, пинџур, макало, биено сирење, шкембе чорба, мармаладот од сливи, ајварот, црвениот вранец.

– Кога ќе седнете на софра, веднаш Ви станува јасна поврзаноста на македонската кујна со земјоделството и локалното население. Пребогата е со зеленчук, најразлични бои и вкусови. Но, иако состојките во храната се типични за поднебјето, таа е микс од влијанијата на Балканот, Европа, Средниот Исток и Медитеранот, пишува Датани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука