Спорт

Мугуруза – Кенин во финалето на Австралија опен

Мелбурн, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС)  – Американката Софија Кенин и шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза ќе играат во финалето на женскиот дел од годинашното издание на Австралија опен.

Ова е епилогот по полуфиналните дуели на Грен слемот во Мелбурн одиграни рано утрово.

Во првото полуфинале, Кенин ја совлада првата носителка Ешли Барти од Австралија со 7:6 и 7:5. Со истиот резултат, во два сета, Мугуруза беше поуспешна од Романката Симона Халеп.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 49 милиони долари. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука