Спорт

Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски-Буштур

Скопје, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Поради лизгавиот коловоз Буштур загубил контрола над возилото со кое управувал, излетал од патот и удрил во бетонски блок.

Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје, долги години беше член на „Работнички“. Со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која има сребрен медал на Европското првенство 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година.

Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука