Спорт

Нов историски рекорд на Меси

Барселона, 31. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси постигна два гола во успехот од 5:0 во осминафиналето на Кралскиот Куп против Леганес, а по тој натпревар Аргентинецот повторно се запиша во историјата.

Благодарение на оваа победа, Меси стана првиот играч што стигнал до победата број 500 на сите турнири во Шпанија на клупско ниво.

За ова достигнување, на Меси му беа потребни 709 натпревари. Покрај тоа, Барселона со Меси има 79 порази и 131 реми.

За сето ова време, Меси има 622 голови и 241 асистенции. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука