Избор Свет

Брегзит на дело – Британците ќе си ги вратат сините пасоши

Лондон, 31. јанаури 2020 (ОХРИДПРЕС) – Велика Британија вечерва на полноќ ќе излезе од Европската унија, 1.317 дена откако Британците на референдум одлучија да ја напуштат ЕУ, и веднаш ќе влезе во 11-месечен период на транзиција.

Во преодниот период, Велика Британија ќе продолжи да ги почитува правилата на ЕУ и да уплаќа пари во буџетот на Унијата, а Брисел и Лондон ќе треба да се договорат какви ќе бидат нивните идни односи.

За време на транзицијата, повеќето работи ќе останат исти, но ќе има и промени.

Сите 73 британски европратеници автоматски ќе ги загубат своите места во Европскиот парламент затоа што Британија ќе ги напушти сите европски институции и агенции.

Сепак, за време на периодот на транзиција, Европскиот суд на правдата сѐ уште ќе го има последниот збор во правните спорови.

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да биде посебно поканет доколку сака во иднина да им се придружи на останатите лидери на самити на Советот на ЕУ. Британските министри исто така нема да присуствуваат на редовните состаноци на ЕУ.

Велика Британија ќе може да почне разговори со земјите низ светот за поставување нови правила за купување и продажба на стоки и услуги, затоа што додека беше членка на ЕУ, не смееше да одржува формални трговски преговори со земји како што се САД и Австралија.

Целиот текст ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука