Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Втора контролна за Охрид Лихнидос против Караорман

Охрид, 31. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат контролните натпревари за ГФК Охрид Лихнидос во рамки на подготовките за пролетната полусезона.

Утре од 13:00 часот на градскиот стадион во Струга ќе е сретнат со тимот на Караорман.

На првиот тест натпревар охридските „сино-бели“ вчера изгубија од Мачва Шабац од Србија со минимални 0-1.

Во зимскиот преоден рок редовите на Охрид Лихнидос се засилија со четворица фудбалери и еден чувар на мрежата.

Есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид Лихнидос го заврши на деветтото, претпоследно место на табелата. Клубот на чело со Бочески ќе има задача да го подобри впечатокот во пролетниот дел и да обезбедат опстанок во Втората лига.

Натпреварите во Втората лига – Запад стартуваат на крајот на февруари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука