ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бројчаникот на UNESCO на OhridPress покажува уште само 12 часа

Охрид, 31. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, на OhridPress беше поставен UNESCO Бројчаникот, кој ќе ни покажува уште колку време останува до 1-ви февруари 2020 година.

Денес Бројчаникот покажува дека останаа уште само 12 часа, како потсетување за сите, а особено за одговорните и најзасегнатите за важноста, но овој пат и за брзината со која мора да ги носат одлуките.

Претходно во Баку беше официјализирана одлуката UNESCO да му даде уште една шанса на Охрид. Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја. Одлуката беше донесена попладнево на сесијата во Баку и подразбира мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, уривање на дивоградбите, изработка на детална анализа за состојбите во регионот и ревиталзација на колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото. На сесијата во Баку повеќето земји учесници гласаа за да му се даде дополнителен рок на градот иако сите се согласија дека властите стагнирале во исполнување на препораките за заштита на регионот.

Истече рокот за отстранување на дивоградбите, од денес инспекторите повторно на терен

Неодамна локалната самоуправа започна со акција за уривање на дел од дивоградбите. Прва на удар беше куќа надвор од строгиот центар на градот и првата езерска линија, по што започна и акција за отстранување на платформите на дел од угостителските објекти.

Констатиран е прогрес во исполнувањето на препораките, а изразија и задоволство од редовната комуникација на државата со организацијата, нешто што не било случај изминатите десетина години, оцени вчера од Охрид министерот без ресор и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми по средбата со тројцата експерти од УНЕСКО кои се дојдени во Охрид да направат мониторинг на терен на севкупната состојба на Охридско-струшкото крајбрејжје.

Адеми: Не шминка досега преземеното, продолжуваме да постапуваме по останатите препораки на УНЕСКО

Нивната желба е заеднички подеднакво да работиме за да го сочуваме она што значи природно и културно наследство на Охридскиот регион, потенцира Адеми.

– Експертите се свесни дека нешто што 30 години се правело како се правело не може преку ноќ целосно да се промени, но се задоволни дека оваа Влада има план и активности околу имплементација на нивните препораки, истакна Адеми.

Тој уште еднаш ги сумира досега преземените и отпочнати проекти, како усвојувањето на прогрес извештајот околу исполнување на препораките, формирањето на Комитетот со Албанија, почетокот на санацијата на колекторскиот систем што би требало да заврши до месец мај, како и носењето на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029).

Проекти на кои се работи се враќање на река Сатеска во старото корито во соработка со УНДП и процесите околу железницата и патот А2. Беше побарано стариот пат од Струга до Ќафасан да биде автопат што е невозможно заради теренот па се работеше на измени во планирањето за сé да биде како што бара УНЕСКО, вели Адеми.

Во однос на справувањето со дивоградбите, Адеми истакна дека по изработувањето на регистарот, мора прво експертската и стручна јавност да направи оценка на влијание врз животна средина, па врз таа основа да се пристапи кон рушење.

– Во дел на надлежностите општините ги имаат тие, на Влада побаравме од Државниот инспекторат да направи обиколка и увид за да може државата да постапи. Извештај од увидот треба да достават до следната владина седница. Апсолутно не се калкулира предизборно, процесот мора да се исполни. Дивоградбите се најчувствителниот сегмент, бидејќи постојат закони судови, управни постапки кои се започнати. Сакаме сé да биде според закон, рече Адеми.

Во однос на воведениот мораториум за градба Адеми со став дека не треба да биде укинат додека не се усогласи планот со законската регулатива.

Околу наводите на екологистите дека преземените активности се само шминка и дека ќе побараат во јуни Охрид да биде ставен на листата загрозени подрачја, Адеми не се согласува бидејќи вели сите активности се видливи, а екологистите на средбата со УНЕСКО експертите истакнале дека Владата им прифатила дел од забелешките при изработка на Планот.

– Не мислам дека се прави шминка, не е шминка санацијата на колекторот, формирањето на комитетот, планот е усвоен. Вклучително сами тие според информација од експертите на средба со нив ја пофалиле Владата дека ги прифатила голем дел од нивните препораки и коментари кои ги дале на планот и тоа го поздравија како начин на комуникација меѓу централната власт и невладиниот сектор. Факт е дека сите препораки не се исполнети, но апсолутно не е шминка што покажуваат активностите на терен, дециден е Адеми.

Инаку, тројца експерти на УНЕСКО од вчера се во посета на Охрид во мониторинг обиколка на состојбата на Охридско-струшкото крајбрејжје. Денес се на терен во увид на дивоградбите, колекторскиот систем, шанковите и плажите покрај езерото, како и струшкиот појас со трска, а предвидена е и средба со претставници на охридскиот Завод и музеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука