Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР: 39 граѓани не ја почитувале забраната за движење, приведени се 30 лица

Скопје, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 16/17.05.2020 година, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски, евидентирани се 28 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука