Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

На три локации во езерото полицијата пронајде рибарски мрежи и уловена риба

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 21:00 часот на 15-ти до 04:00 часот на 16-ти мај 2020 година, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на езерото, пронашле повеќе рибарски мрежи и уловена риба.

– Мрежи се пронајдени на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК „Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“. Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука