Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријави за пет лица од Охрид кои не ја почитувале забраната за движење

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 16/17-ти мај 2020 година, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, пет лица, сите од Охрид, не ја почитувале забраната за движење.

– Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 33 контроли врз лица во изолација, 28 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид 10, Струга 11, Кичево 6, Дебар 1) и 61 контроли на угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука