Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица физички нападнале охриѓанец на улицата „Егејска“

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти мај 2020 година, во 18:00 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 52-годишниот А.К. и 29-годишниот Н.К. врз 32-годишниот Г.Б., сите од Охрид.

– Нападнатиот бил префрлен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување. СВР Охрид презема мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука