Забава Избор

И во 2021 година Ротердам ќе биде домаќин на Евровизија

Брисел, 19. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Евровизискиот натпревар за песна 2021 ќе се одржи во Ротердам, објави Европската унија за радиодифузија (ЕБУ).

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, која сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна, а веќе се потврдени 18 учесници. Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следи 200 милионска публика ширум светот.

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот во саботата вечер, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиска „You“, на авторката Невенка Нешкоска и поздравот од Гарванлиев.

Васил минатата година беше дел од успешниот евровизиски тим во Израел во улога на придружен вокал на Тамара. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука