Избор Свет

Турција ќе биде во четиридневен карантин за Рамазан Бајрам

Истанбул, 19. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе ја стави Турција во четиридневен карантин од 23 до 26 мај, што ќе го опфати и големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во изминатите пет недели, карантин беше воведуван во големите градови за викенди и за празнични денови. Рамазан Бајрам во Турција вообичаено се одбележува три дена, што оваа година трае од 24-ти до 26-ти мај. Ердоган најави дека џамиите повторно ќе бидат отворени за верски служби од 29-ти мај.

Тој кажа дека училиштата нема повторно да се отвораат оваа учебна година, туку дури од септември. Исто така, ограничувањата за патување низ 15-те турски провинции се продолжени за уште 15 дена.

– Турција успешно ја добива борбата со епидемијата, изјави Ердоган, порачувајќи дека може да се воведат и построги мерки ако има нов голем бран на зараза.

Во Турција досега има повеќе од 150.000 случаи на коронавирус, а починале речиси 4.200 луѓе. (Крај)

извор: СДК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука