COVID-19 Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Владата бара продолжување на кризната состојба

Скопје, 2. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата ќе бара од Собранието продолжување на рокот за кризна состојба до 30-ти јуни 2021 година. 

Вака беше одлучено на вчерашната седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Земјава и сега се наоѓа во 30-дневна кризна состојба, што беше воведена на 20-ти ноември.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека има сериозно намалување на притисокот на пациентите кон болниците, но оти се многу внимателни бидејќи многупати досега се покажало дека вирусот е многу непредвидлив.

– За разлика од првите недели од ноември кога обезбедувавме нови одделенија и болнички кревети, сега речиси еднаков е бројот на новопримени и бројот на испишани пациенти. Факторот на преносливот од почетокот на номеври кога беше еден ипол, сега е некаде околу еден во зависност од бројот на напаравени тестови што ни дава за право да кажеме дека ситуацијата на некој начин се смирува. Далеку е ова од ситуација кога дефинитивно можеме да кажеме – можеме да здивнеме. Ситуацијата оди кон тоа да се стабилизира и понатаму. Многу сме внимателни бидејќи многупати досега се покажа дека вирусот е многу непредвидлив. Не знаеме што може да очекуваме. Немаме параметари врз основа на кои можеме со сигурност да дадеме прогноза како ќе оди ситуацијата понатаму, рече Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука