ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро и натаму на три сантиметри под минимално дозволеното ниво

Охрид, 2. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е на три сантиметри  под минимално дозволеното ниво.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,07 м.н.в, што е за 25 сантиметри под просекот за овој месец, (693,32 м.н.в).

Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 12 степени, што е за 2,8 степени „потопла“ од просекот за овој период од годината.

Долгиот сушен период се посочува како главен „виновник“ за ваквата состојба. Во насока на заштита на животната средина и биодиверзитетот согласно обврските од водостопанските дозволи, властите одлучија привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите. Метеоролозите најавуваат пообилни врнежи од дожд за неделаа и понеделник, што секако позитивно ќе се одразат на хидролошката состојба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука