Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во работна посета на Охрид

Охрид, 3. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски денеска ќе оствари работна посета на општина Охрид.

Неодамна тој најави интензивна работа на изградба на автопатот Кичево-Охрид и очекува веќе следната година да бидат пуштени во сообраќај првите дваесетина километри.

Во изградбата на автопатот Кичево-Охрид досега се реализирани 350 милиони евра од предвидените 600 милиони.

-На автопатот Кичево-Охрид се завршени сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра коишто се предвидени. Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година, истакна Бочварски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука