Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Ќе помогнеме во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро, ќе се решат и дивите плажи

Охрид, 3. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството во програмата за 2021 година влегува со поддршка во делот на изработка на планска документација за крајбрежниот појас на езерото со цел решавање на проблемот со дивите плажи и објекти, порача денеска од Охрид министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски.

-Разговаравме за повеќе инфраструктурни проекти кои се реализираат во моментот меѓу кои влезот на Охрид, изградбата на водоводната и фекалната канализација на улицата „Абас Емин“. Преку проектот за локални улици и патишта на министерството за транспорт и врски во втората постапка е влезена целосна реконструкција на улицата „Македонски просветители“. Владата преку капитални блок дотации обезбеди 6 милиони денари за поддршка на Охрид во справувањето со нелегалните објекти и постапување по препораките на УНЕСКО, истакна Бочварски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Благој Бочварски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука