COVID-19 Здравје Избор Охрид

Парични казни за 7 лица од Охрид и 2 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 15 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 7, Струга 2, Кичево 3 и Дебар 3).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 52 контроли по угостителски и други објекти (Струга 16 и Кичево 36). Истовремено, на подрачјето на Дебар, евидентирано е едно лице кое ја прекршило забраната за движење од 24:00 до 04:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука