Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Изминатите 24 часа регистрирани 3 случаи на нарушување на јавниот ред и мир во Охрид и околината

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, СВР Охрид регистрираше три случаи на нарушување на јавниот ред и мир во Охрид и околината.

На 19-ти мај 2021 година, околу 21:00 часот, во маркет на улицата „Питу Гули“ во Охрид, 29-годишниот Д.Л. и една година постариот В.П., двајцата од охридското село Лескоец, го нарушиле јавниот ред и мир со карање и непристојно однесување кон едно вработено лице. Против двајцата, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ќе биде поднесена пријава.

Истиот ден, околу 17:00 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, 29-годишниот Д.К. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои, вршеле службени дејствија. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во трет, одвоен случаиј, на 19-ти мај 2021 година околу 15:00 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир на кеј „Македонија“ во Охрид со физичка пресметка помеѓу 24-годишниот Љ.Ѓ. од Охрид и 28-годишниот П.Т. од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесен соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука