Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 90 возачи поради брзо возење на територијата на СВР Охрид

Охрид, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашнот ден, 22-ри мај 2021 година, на подрачјето на СВР Охрид спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

– При тоа се санкционирани 90 возачи. Од нив 18 на територија на Охрид, 42 на територија на Струга, 12 на територија на Кичево, а 18 на територија на Дебар. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука