COVID-19 Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Парични казни за 11 лица од Охрид и 4 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 34 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 11, Струга 4 и Кичево 19).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 54 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 22 и Кичево 32), информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука