Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за жител на Желино поради ширење расистички и ксенофобичен материјал на „ТикТок“

Охрид, 23. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, до основното јавно обвинителство во Тетово, поднесе кривична пријава против 28-годишниот В.А. од селото Церово, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој, на лажен профил на социјалната мрежа „ТикТок“ поставил содржина со која ширел расистички и ксенофобичен материјал кој, промовира и поттикнува омраза, дискриминација и насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука