Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде мрежи со уловена риба кај Љубаништа и „Вели даб“

Охрид, 24. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти мај 2021 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот од полициски службници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро во водите од Охридското Езеро кај селото Љубаништа и кај местото викано „Вели даб“ биле пронајдени и подигнати рибарски мрежи со улов од риба со вкупна тежина од околу дваесет килограми.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука