Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Зоран Кесиќ: Пет лета поминав во Охрид и Струга, во Лабуништа ја јадев најслатката лубеница

Белград/Охрид/Струга, 24. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Кесиќ, едно од најпопуларните Тв лица во соседна Србија и Балканот, водител на култната емисија „24 minuta sa Zoranom Kesićem“ на Nova S телевизија, во последното издание откри дека заедно со семејство често летувал во Охрид и Струга.

– Дали Охридското Езеро е се’ уште толку големо и не му се гледа крајот? А плачев како мал што наместо на море, родителите ме водеа таму, на некое езеро. А после 5 години, плачев кога сакаа да ме носат на море. Зошто на море кога го имаме Охрид? Зошто бев толку голема кукавица и не скокнав од мостот во Струга во реката Дрим, а сите ме храбреа? Сонував ли дека седиме со родителите со некои непознати луѓе во едно мало село Лабуништа и јадевме најслатка лубеница? Слушавме некои убави песни, истакна Кесиќ во емисијата.

Во вчерашното издание на емисијата гостинка беше македонската авторка Румена Бужаровска. Родена во 1981 година во Скопје, таа е авторка на збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010), Мојот маж (2014) и Не одам никаде (2018), книгата мали фикции Спиј (2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (2012). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Nova S

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука