Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Хидробиолошки завод, автомобил се преврти на покривот

Охрид, 24. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 17:00 часот на магистралниот пат Охрид-Св. Наум, на излезот од градот, над Хидробилоскиот завод.

Порталот Охрид 1 јави дека станува збор за автомобил со охридски таблички, кој од непознати причини завршил превртен на покривот.

Од охридската полиција најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука