Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ „Братство Единство“ го одбележува патрониот празник

Охрид, 25. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни активности, и со почитување на мерките за заштита од COVID-19, ООУ „Братство Единство“ од Охрид денес го одбележа својот патронен празник.

За учениците од прво до трето одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, во дворовите на двете училишни згради, беа организирани спортски игри, како и часови по ликовно образование на тема „Моето училиште“. За учениците пак, кои наставата ја следат од далечина, без организирани мултидисциплинарни квизови на знаење.

May be an image of 1 person, child, standing and outdoors

May be an image of child, standing and outdoors

May be an image of one or more people, people standing and outdoors

– „Младоста е мојата радост“ беше темата на овогодинешниот ликовен и литературен конкурс, а комисијата од пристигнатите литературни творби, за најдобри од одделенска настава ги прогласи: Андреј Николоски (V-6 одделение, македонски наставен јазик), Елјеса Лога (IV-2 одделение, албански наставен јазик), Ефеџан Халили (V-1 одделение, турски наставен јазик), додека од предметна настава творбите на Виктор Локоски (VII-7 одделение, македонски наставен јазик), Ера Ризвани (IX-3 одделение, албански наставен јазик) и Кајра Муфти (VI-1 одделение, турски наставен јазик). Од пристигнатите ликовни творби, за најдобри беа прогласени: Алмедин Рустем (III-5 одделение, македонски наставен јазик), Елјеса Лога (IV-2 одделение, албански наставен јазик) и Ајџан Реџеп (II-1 одделение, турски наставен јазик), додека од предметна настава: Мариана Трајческа (VII-6 одделение, македонски наставен јазик), Сара Усеини (VI одделение – албански наставен јазик), Џанур Абдула (IX-2 одделение, турски наставен јазик), информираат од училиштето.

По повод патрониот празник, беше изготвен и видео запис со заеднички активности на учениците од различни етнички заедници, во ритамот на химната на училиштето „Сите сме едно- живееме заедно“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука