COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Пристигнаа 500.000 дози вакцини од „Синовак“

Скопје, 27. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“ слета утрово на скопскиот аеродром, објави македонскиот министер за здравство д-р Венко Филипче.

– Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, потенцира министерот.

Станува збор за вакцини што Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“.

Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе следува масовна вакцинација во сите вакцинални пунктови низ државата и повтори дека имунизацијата штити и од индискиот сој на вирусот.

Во земјава вопетокот попладне пристигнаа уште 100.620 дози вакцини на „Фајзер“, што се набавени преку КОВАКС механизмот, откако пред две недели стигнаа 30.000 дози од кинеската вакцина од „Синовак“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука