Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Првиот викенд по календарскиот почеток на летото го исполни Охрид со гости

Охрид, 27. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Првиот викенд по календарскиот почеток на летото го исполни Охрид со гости и најави дека ќе имаме добра туристичка сезона.

Топлото време придонесе денеска плажите да бидат полни како во шпицот на сезоната.

Се бараше место повеќе по сите плажи, а особено по оние кои по ослободувањето од објектите на нив, граѓаните имаат слободен пристап, што придонесе денеска да бидат исполнети скоро до последното место.

Долгото топло лето е пред нас, Охрид е подготвен да ги пречека сите туристи. Забележително беше присуството на гости од Србија и Албанија, а од домашните доминираа гостите од Скопје, Битола, Гостивар и останатите градови од државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука