COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Веќе петти ден нема новозаболени лица во Охрид

Охрид, 29. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните бројки на Министерството за здравство на Република Македнија, веќе петти ден нема новозаболени лица од Covid-19 во Охрид.

Во текот на последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, при што се регистрирани 6 нови случаи на ниво на целата држава.

Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани. Со последните бројки 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 49% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 42% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

Подобрената состојба со новозаболени лица резултираше и со олабавување на мерките. На предлог на Министерството за економија, Владата на Република Македонија денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

На предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука