Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала облачност и температура до 34. степени

Охрид, 30. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер до засилен ветер од западен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 34. степени.

– До утре времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Согласно очекуваните вредности на температурата насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури. Од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука