ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Марко Пејчиноски пред нов подвиг, плива во чест на големиот светец Свети Наум до неговиот манастир

Охрид, 3. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски херој Марко Пејчиноски утрово тргна во нов подвиг, да ја преплива делницата од Градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје.

По повод празникот Свети Наум, малиот Марко одлучи да плива во чест на големиот светец.

– Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Свети Наум Охридски, за здравје на сите нас, објави тимот што го прати подвигот на Марко.

Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум-Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 години.

извор: Екипа.мк фото: Екипа.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука