ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Фонтаната и малиот плоштад до „Мини маркет“ во многу лоша состојба (Фото/Видео)

Охрид, 3. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фонтаната и малиот плоштад веднаш до поранешен „Мини маркет“ веќе подолг период наназад се во многу лоша состојба.

Фонтаната не работи и е видливо оштетена, а во слична состојба се и клупите и малечките фонтани – чешмички кои не работат. Мозаичната декорација на големата фонтана е дело на Никола Упевче, познат академски сликар, реставратор и конзерватор од Охрид.

No description available.

No description available.

Видливи оштетувања има и на фонтаната на малата летна сцена која е позадина на делот од плоштадот кој е со амфитеатрален изглед и предвиден простор за седење.

No description available.

Ова место е исклучително популарно кај жителите на овој дел на градот, посебно најмладите, кои се собираат, дружат и уживаат, особено во утринските и вечерните часови.

Одговорните се на потег да ги санираат овие оштетувања, за да блесне овој инаку многу убаво уреден дел од градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука