Избор Охрид Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Членовите на „Акватика Јахтинг“ од Охрид со одличен успех на струшката „Летна регата“

Струга/Охрид, 4. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“ од Охрид со одличен успех се вратија од струшката „Летна регата“.

Истата се одржа денеска во организација на ЕК „Снегар“ од Струга, Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската Федерација на Македонија во класата „Оптимист“.

May be an image of 14 people and people standing

ЕК „Акватика Јахтинг“ ги постигна следните резултати:

– Евгенија Ставрева, 1-во место девојки и 2-ро место во Генерален пласман
– Мила Булатовиќ, 2-ро место девојки до 12 години и 3-то место Генерален пласман
– Стефан Бараковски, 3-то место машки до 12 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Акватика Јахтинг“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука