ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Леонид Тодороски од Охрид го освои третото место на Балканската математичка Олимпијада

Охрид, 4. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Леонид Тодороски од Охрид, ученик во ООУ „Григор Прличев“ го освои третото место на Балканска математичка Олимпијада во конкуренција на натпреварувачи од 21 држава.

Младите македонски математичари освоија 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Во официјалната конкуренција беа шести од единаесет тимови, а тринаесетти од дваесет и два, со што е постигнат еден од најдобрите резултати на овој натпревар.

Леонид го обезбеди учеството на математичката Олимпијада, откако претходно, во мај годинава беше прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика.

Леонид, кој успешно го заврши 8. одделение, работи под менторство на наставникот по математика Александар Ангелевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука