COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Филипче: Граѓаните ќе може да влезат во угостителските објекти и со потврда за прележан ковид, но само првите 45 дена

Охрид, 14. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник граѓаните освен сертификат за вакцинација, или потврда за примена една доза вакцина, во угостителски објекти и на други локации опфатени со мерките, ќе може да влезат и со потврда за прележан ковид, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле, порача денеска од Охрид министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– Тој период е за да поминат неопходните 30 дена по оздарвувањето, 15 тина дена да се организира вакцинацијата. Единствено решение е да се зголеми опфатот со вакцинација, верувам граѓаните ја разбраа пораката за мерките и сакам да им се заблагодарам. Ако граѓаните имаат дилема сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат, тоа е начинот со којшто ќе постигнеме колективен имунитет, ќе имаме нормален живот, ќе може да функционираме, да живееме, да работиме, да бидеме продуктивни и да ги вратиме назад нашите животи. Доказ за тоа е дека популацијата на вакцинирани граѓани, заболува во исклучително мал процент, изјави министерот Филипче.

По завршувањето на првите 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина.

Според последните, официјални бројки на Министерството за здравство на Република Македонија, во текот на последните 24 часа се направени 9.270 тестирања, а регистрирани се 792 нови случаи на Covid-19. Во Охрид се регистрирани 23 нови случаи на заболени лица. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука