ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Состанок со JICA за собирање на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро

Скопје/Охрид, 21. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска одржа работен состанок со претставници од студискиот тим на Јапонска агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency).

Целта на состанокот беше запознавање со основните цели на Проектот за собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро во Република Македонија и претставување на обемот на активности во рамки на експертската мисија.

Покрај Министерството за животна средина и просторно планирање, во овој процес активно ќе бидат вклучени и општина Охрид, општина Струга, ЈП Колекторски системи Скопје, ЈП Водовод Охрид, ЈП Нискоградба Охрид и ЈП Водовод и Канализација Струга.

По завршување на експертската мисија, ќе биде подготвен извештај кој ќе ги посочи потребни мерки за подобрување на квалитетот на водите на Охридското Езеро, како и мерките за подобрување на оперативните капацитети на системите за собирање и третман на отпадните води. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Министерство за животна средина

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука