Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Септемвриските пензии ќе се исплаќаат следната недела

Скопје/Охрид, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела, од 28-ми септември, ќе се исплаќаат септемвриските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии и го задолжи Фондот да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година, соопштија владините служби.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток);
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

Пензионерите, пак, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од 28-ми септември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука