Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Народен театар Охрид со „Секс, лаги и љубомора“ на „Денови на комедија“ во Куманово

Куманово/Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид со „Секс, лаги и љубомора“ во среда, на 25-ти септември, ќе биде дел од 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Ќе се играат вкупно 11 претстави од Република Македонија, Србија и Бугарија, а честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на велешкиот театар.

– Оваа година фестивалот започнува на 24-ти септември. Ќе имаме 11 театарски претстави, а отварањето е со театарската претстава „Вечера за глупаци“ на театарот „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ од Велес, вели Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Новитет годинава е што во пропратната програма на фестивалот учество ќе земат и студентите од факултетите за драмска уметност.

– Оваа година ги поканивме и Факултетот за драмски уметности од Скопје и Факултетот за аудио-визуелна уметност ЕСРА, студентите да бидат дел од пропратната програма на овој фестивал. На 30-ти септември и на 7-ми октомври ќе имаме изведба на тие претстави во рамки на фестивалот, додава Тодоровски. (Крај)

извор: kumanovskimuabeti.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука