Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

2025 година со помалку продолжени викенди и неработни денови

Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на оваа година нè oчекуваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.

За сите македонски граѓани во октомври ќе биде неработен Денот на народното востание на 11-ти, кој годинава се паѓа во петок и 23-ти Октомври (среда) кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

Денот посветен на Свети Климент Охридски, 8-ми Декември, годинава се паѓа во недела, па неработен ќе биде следниот ден.

Во 2025 година, пак, нè oчекуваат помалку продолжени викенди во споредба со оваа година, но и неколку државни празници кои паѓаат во сабота, или верски кои паѓаат во недела.

Неработни денови во 2025 година:

За сите граѓани
01 јануари (среда), Нова Година,
07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден
20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
01 Мај (четврток), Ден на трудот
24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
02 Август (сабота), Ден на Републиката,
8 Септември (понеделник), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед
06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија
22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија
27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија
08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија
23 мај (петок), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија
2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија
28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија
21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик. (Крај)

извор: republika.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука