Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајни контроли на СВР Охрид, казнети 11 возачи во Охрид

Охрид, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – При сообраќајни контроли извршени на 30-ти септември 2021 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 11 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно престигнување.

– Полициските службеници од Струга затекнале и од сообраќај исклучиле две лица кои управувале мотоцикл под дејство на алкохол, додека во Кичево, санкционирани се шест возачи на моторни возила кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење со моторно возило, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука