Избор Избори 2021 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Божиновски: СДСМ и Георгиески се синоним за урбана мафија и некултура, никако за урбана култура

Охрид, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ и Георгиески се синоним за урбана мафија и некултура, никако за урбана култура. Улиците во Охрид поплавени, а тие спијат, како што впрочем и го преспаа целиот мандат, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидат за советник во Советот на Општината и портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Еден краткотраен дожд направи целосен хаос по улиците низ Охрид и ги извади на површина неработата, неодговорното и импровизирано работење на Георгиески. Ако ваквото функционирање е најдоброто за нашата општина тогаш како ли е најлошото? Со оваа власт реконструкцијата на улиците оди бавно, неквалитетно и селективно. Георгиески да одговори по кој критериум се врши асфалтирањето? Дали сето тоа е само предизборен маркетинг и популизам? За брзо следува одговорност за нестручноста и непрофесионализмот во изведувањето на активностите. Развиена мрежа на атмосферска канализација е еден од главните услови за превенција од поплавени улици при дождови. Новото советничко мнозинство и новиот Градоначалник на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ гарантираме квалитени инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија. Потребни се промени, проекти и победи! Заокружи 7 за подобар Охрид, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука