Избор Избори 2021 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Костоски: Наш приоритет е забрзување на постапката за отворање на регионална депонија и затворање на депонијата Буково

Охрид, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во континуитет сме посветени на мерки и активности кои обезбедуваат почиста животна средина и се грижиме за заштитата на сите природни богатства со кои располагаме, порача на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ, Ванчо Костовски.

– Наш приоритет е иницијативата за забрзување на постапката за отворање на регионална депонија за третирање на отпадот од Југозападниот регион и затворање на депонијата Буково, согласно одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на регионот. Во претстојниот мандат, ќе го ревидираме начинот на подигање на отпад од домаќинствата и ќе креираме нов план и програма за подигање на отпадот, особено во туристичката сезона, со цел да нема полни контејнери и несоодветно депониран отпад. Воведуваме отворена линија за пријавување неправилности и пропусти во одржувањето на јавната чистота и работењето на комуналните служби. Ќе вршиме осовременување на примарното одлагање на отпадот во домаќинствата со примарна селекција и проекти за селекција на отпад во јавните установи, училиштата и фирмите. Ќе поставиме нови подземни, прес-контејнери и нови садови за депонирање на отпад, а планирано е формирање на Еко острови за одлагање на кабаст отпад и реашавање на проблемот со дивите депонии на градежен шут. За почиста животна средина, обезбедуваме енергетска ефикасност на сите објекти во сопственост на Општината особено на училиштата и градинките. Поставуваме енергетски ефикасни прозорци, фасади и фотоволтаични системи. Воведуваме стручна помош и консултации за граѓаните на тема енергетска ефикасност, проектна поддршка за реконструкција на енергетски фасади и замена на прозорците во станбените комплекси. Развиваме специјална програма за зголемување на енергетската ефикасност на домовите на најзагрозените, приматели на финансиска помош. Продолжуваме со субвенециите за набавка на велосипеди и субвенции за поставување за набавка на клима уреди. Го зголемуваме бројот на мерни станици за контрола на квалитетот на воздухот. На 17-ти октомври да избереме најдобар модел за почиста животна средина. Заокружете број 12, гласајте за градоначалникот Костантин Георгиески и совететничката листа на СДСМ и коалицијата Најдоброто за Охрид, истакна Костоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука