ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро порасна за два сантиметри, но и натаму е блиску до минималната кота

Охрид, 1. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Споредено со вчерашните мерења, водостојот на Охридското Езеро порасна за два сантиметри.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,14 м.н.в, што е за 14 сантиметар под просекот за октомври (693,28 м.н.в) и само четири сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на езерската вода е 18 степени и е за 1,2 степени повисока од просекот за октомври.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство управа работи (споредба водостои прикажани реките природните езера претходниот ден очекувана тенденциа наредниот ден) 01.10.2021 cm измерени 01.10.21 07:30 легуновце вардар вардар -14 велес -11 02.10.21 вардар октомври 30 114 лепенец просек 50 73 52 06 бана- 14 бабуна 48 10 33 30 = н.село 19 црна река 22 35 28 69 -радика 74 49 -22 107 ΜΗΜ измерени 145.61 07:30 часот 145.61 847.60мн кзоохрид 842.08 842.08 693.12 ã температури 693.14 вода 843.77 = охрид- ез.охрид 693.28 на преспанско Bodocmojom езеро "наколец" (CM) (CM) одобрил: минимум 693. директор, агим муртезанов нивна обработка корекција влизание“
Состојбата со нискиот водостој трае веќе подолг период. Само во текот на минатиот месец нивото на езерото се намали за 13 сантиметри. Минатата година во ноември водостојот беше на 693,10 м.н.в, а речиси пола декември беше на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.

Во Охрид денес променливо облачно и свежо време. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 17. степени.

– Денес претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука