Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“

Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“, работена според текст на Дејан Дуковски, а во режисерска поставка на Сашо Миленковски.

Претставата „Дух“ е потрага по одговор на прашањето за тоа што се случува со обичниот човек кога ќе се помине прагот на толеранцијата…од разно,разни криминални структури. Човек тогаш оди по пат и убива…што не е изненадувачки кога се работи за криминалци, но тоа да го прават обични луѓе?

Ова е повторна режисерска поставка на Сашо Миленкоски на текст на Дуковски, со кого веќе соработувале на веќе култните претстави „Буре барут“ и „Балканот не е мртов“.

Охридскиот театарски ансамбл овој пат е освежен со двајца актери од надвор. Верица Недевска која е од Охрид, а живее во Прага и со Јовица Михајловски од Драмскиот театар во Скопје. Останатите улоги ги толкуваат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Митко Серафимоски. Сценографијата и костимографија се на Владимир Симоноски, ко-автор на музиката е Александар Гулевски. Во претставата е вклучен и Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ под диригентство на Бурим Хидри.

Премиерната изведба е од 20:00 часот на Mалата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, со редуциран број гледачи поради протоколите за Covid-19. Репризно претставата ќе биде на матичната театарска сцена и утревечер во истиот термин. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука