Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид денеска дома го пречекува Скопје 2020

Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид денеска ги продолжуваат натпреварите во Супер лигата.

Во рамки на петтото коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Скопје 2020. Натпреварот е со почеток во 18:30 часот, во салата „Билјанини извори“.

Влезниот билет е 100 денари. Дозволено е присуство на гледачи до 30% од вкупниот капацитет на салата. Потребно е приложување потврда за извршена имунизација или прележан ковид во последните 45 дена. Задолжитено е носење на заштитна маска.

ГРК Охрид дома го пречекува Скопје 2020

По четири одиграни кола „гладијаторите“ имаат три победи и еден пораз па со 9 бодови се трети на табелата зад Вардар и Еурофарм Пелистер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука