Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид спроведе сообраќајни контроли, казнети 11 возачи

Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – При сообраќајни контроли извршени на први октомври 2021 годинам во периодот од 15:00 до 19:00 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, регистрираа и санкционираа 10 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина за движење со моторно возило во населено место.

– Регистриран е и еден возач кој, надвор од населено место, управувал патничко моторно возило со поголема брзина од дозволената, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука