ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Спортски игри за ученици со посебни потреби од основното и средното образование во Охрид

Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во органзиација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука, викендов во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид се одржуваат Спортски игри за ученици со посебни потреби од основното и средното образование.

– Учениците се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Наша чест е како училиште кое низ активности се обидува и континуирано работи за унапредување на образованието и овозможување инклузија на децата со посебни потреби, што сме вклучени во организацијата на настанот. Присуството на Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, нашата ракометна звезда дополнително ја збогати возбудата кај младите натпреварувачи. Да им посакаме на сите учесници успех во Спортските игри и секој да понесе медал. Многу е полесен животот кога знаеме дека не постојат различности, порачаа од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука