Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Врсничка едукација за превенција од болести на зависности

Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Клубот на млади на Црвен крст Охрид се одржа врсничка едукација за превенција од болести на зависности.

– Според светските научни истражувања, најактивните корисници на дрога, алкохол и цигари се млади на возраст од 18-25 години. Врсничката едукација се одржа на една од најрелевантните теми за младите, со цел едуцирање и позитивно влијание на нив. Од едукацијата произлегоа 17. едуцирани млади волонтери, а се спроведе и запознавање со симптомите, последиците и начините на превенција на болести од зависности (цигари, дрога и алкохол). Бидете едуцирани и безбедни, порачуваат од Клубот на млади при охридскиот Црвен крст.

Додаваат дека едукатори беа Матеа Стоев и Борче Исакоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Клуб на млади при Црвен крст Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука