Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 7 возачи од Охрид и 2 од Струга кои управувале возила под дејство на алкохол

Охрид, 6. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти и 6-ти февруари 2022 година, во периодот од 20:00 до 02:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се акциски сообраќајни контроли.

Полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид 80, Струга 74, Кичево 25 и Дебар 32) и затекнале 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид 7, Струга 2, Кичево 2 и Дебар 1).

– Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, неуправување возило под дејство на алкохол и некористење мобилни телефони во текот на возење со што, придонесуваме за зголемена сообраќајна безбедност, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука