Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со услови за врнежи од дожд попладне и температура до 9. степени

Охрид, 7. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со услови за врнежи од дожд попладне.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука